More

    Хари долета во Лондон откако на кралот Чарлс му беше дијагностициран рак

    spot_img

    Бакингемската палата во понеделникот ја извести јавноста дека на кралот Чарлс (75) му бил дијагностициран рак. Неговото семејство се собра да биде со него, а принцот Хари (39) во вторникот наутро замина за Лондон, откако неговиот татко лично му ја кажал дијагнозата во телефонски повик.

    Сепак, средбата на војводата од Сасекс, принцот Хари (39) и неговиот брат Вилијам (41), принцот од Велс, не е во план, пишува Би-би-си.

    Откако ја слушна веста, Хари се упати кон дома, додека неговата сопруга Меган и децата Арчи и Лилибет останаа во Калифорнија. Хари пристигна на аеродромот во Лос Анџелес во понеделникот вечерта, но неговиот лет беше одложен поради предупредувањата за поплави и бурното време во Калифорнија. Сè уште не е познато каде ќе престојува Хари додека е во Лондон, а не се знае ниту колку ќе остане.
    Британските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека враќањето на Хари во Лондон може да значи дека тој и неговиот брат, принцот Вилијам ќе го искористат нивниот таен код за помирување, кој го користат во „време на екстремна криза“.

    Хари и Вилијам во моментов не се во добри односи, особено по објавувањето на мемоарите „Резерва“ на Хари.

    Нешто порано, откако му беше дијагностициран непознат облик на рак, кралот Чарлс за првпат беше фотографиран во јавност како излегува од својот дом во Лондон со сопругата Камила Паркер Боулс.

    Чарлс и кралицата Камила беа видени како им мафтаат со насобраните луѓе додека ја напуштаа кралската резиденција во задниот дел на службениот автомобил. Се верува дека со хеликоптер одат во Норфолк, јавуваат странските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img