Хаос на социјалните мрежи поради насловната на „Вог“ со Безос и неговата вереница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Третиот најбогат човек на светот, Џеф Безос и неговата поубава половина, новинарката Лорен Санчез, ја красат насловната страница на декемвриското издание на магазинот „Вог“.

 

Целата кампања е направена во стилот на вестерн филмовите, а целта на декемвриското издание е да ја претстави животната приказна на Безос, која имаше големо влијание врз создавањето на компанијата „Амазон“.

Голема поддршка во животот му пружила неговата убава новинарка која е, како што изјави за „Вог“,  совршена партнерка за него.

„Лорен има неверојатен ентузијазам и разбирање за другите луѓе. Таа гледа нешто што другите луѓе не го гледаат…“, вели Безос за својата сакана.

 

Меѓутоа, коментарите на многу следбеници на познатиот магазин на Инстаграм покажаа сосема поинаква реалност. И додека уредниците на „Вог“ пишуваат пофалби за третиот најбогат човек на светот, корисниците на Инстаграм се безмилосни во коментарите под објавата.

- Advertisement -
Ad image

„Посакувам оваа фотографија да биде отстранета“, „Никогаш не сум бил повеќе засрамен од некоја фотографија“, „Смешна фотографија, „Ноќта на вештерките“ заврши“, „Ова е најморничавата објава, прекунувам да го следам „Вог“, „Би сакал Инстаграм да има филтер што ќе ми овозможи да ја блокирам секоја милијардерска ПР содржина“, велат тие.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Инаку, во интервјуто за „Вог“, Безос и Санчез зборувале за нивната врска и плановите за венчавка.

Лорен открила дали планира да го земе презимето на нејзиниот иден сопруг.

„Ух, да, 100 отсто. Со нетрпение очекувам да бидам госпоѓа Безос. Сè уште размислуваме за свадбата и како ќе изгледа. Дали ќе биде голема? Дали ќе биде во странство? Не знаеме, свршени сме само пет месеци“, рекла таа.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article