Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин, пренесува Јерусалем пост.
На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома. На младото момче му недостасува се гледа дел од левата рака поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
– Во заробеништво сум речиси 200 дена – вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесуваат израелските медиуми.
Голдберг-Полин беше киднапиран во нападот на Хамас на забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.