Хамас објави снимки, ИДФ тврдат дека зазеле клучна база

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хамас објави видео од жестоките улични борби. На каналот „Иран Опсервер“ беше објавена снимка на која се гледа користење на рачни ракетни фрлачи, пренесе Индекс. Од другата страна, Израелските одбранбени сили ИДФ од своја страна обзнанија дека по десетчасовни тешки битки зазеле база на Хамас. Во битката, според ИДФ, учествувале и членови на групата Исламски Џихад.

 

Се смета дека раководството на Хамас се крие во подземните тунели во Газа долги стотици километри. ИДФ вели дека во областа Џабалија освен оружје заплениле и шахти од тунел, како и оперативни планови на Хамас.

ИДФ исто така на Икс објави дека го ликвидирала Ибрахим Абу-Магсиб, шеф на противтенковската ракетна единица на Хамас, во воздушен напад.

 

Жителите на Газа велат дека Израелците го опколиле градот, а дека се доближуваат до две болници.

Додека светските медиуми пишуваа дека се Египет, Катар и САД лобираат за тридневен прекин на огнот во замена за 15-тина заложници, денеска во Париз 80 земји и организации ќе разговараат како да се зголеми хуманитарната помош за цивилите – но, Израел не е поканет на состанокот.

Соединетите Американски Држави рекоа дека Палестинците мора да управуваат со Газа по завршувањето на конфликтот.

Немирно е и на Западниот Брег. Таму булдожер на ИДФ наишол на ескплозив во куќа која се обидувал да ја урне. Се појави видео од инцидентот. По инидентот следеле судири со Палестинци, а ИДФ употребил дрон. Во некои извештаи се вели дека двајца биле убиени во понатамошните судири.

- Advertisement -
Ad image

Куќата која ИДФ требало да ја урне е на Дауд Фаиз. Тој бил обвинет дека на почетокот на годинава убил израелски војник откако удрил во него со својот автомобил.

Израел практикува уривање згради во Палестина како своевидна казна. Од 2022 година па наваму се проценува дека биле урнати 55.048 палестински згради.

Share This Article