Хамас објави дека во Газа биле убиени 493 Палестинци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Damaged buildings and rubble are seen in the aftermath of an Israeli strike in Gaza City, October 8, 2023, in this still image obtained from a video. Yousef D. Hammash/via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. NO RESALES. NO ARCHIVES. MANDATORY CREDIT

Палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа, кое го води исламскиот екстремистички Хамас, соопшти дека 493 Палестинци биле убиени, а 2.300 се ранети во малата, густо населена енклава.

Израелската армија тврдеше дека убила стотици „палестински терористи“ на израелска територија.

Во Израел, медиумите, повикувајќи се на спасувачките служби, синоќа објавија дека се убиени најмалку 700 луѓе, меѓу кои 73 војници.

Хамас денеска објави дека сака „да ги ослободи сите палестински затвореници и да стави крај на израелските провокации на окупираниот Западен Брег и во Ерусалим, особено во џамијата Ал Акса“.

Портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф ал-Кану во телефонски разговор за АП изјави дека членовите на Хамас сè уште се борат со израелските сили и дека утрово заробиле повеќе Израелци, откако во неделата беше кажано дека повеќе од 130 луѓе биле однесени во Газа.

„Ние сме во отворена битка за одбрана на нашиот народ и џамијата Ал Акса“, рече тој, додавајќи дека битката е поврзана со „ослободувањето на сите палестински затвореници и запирање на активностите на фашистичката влада во Ерусалим“.

Тој рече дека Хамас држи „голем број Израелци во Газа“, но не кажа колку, само дека военото крило на Хамас ќе го објави тоа подоцна.

Share This Article