Халид Бешлиќ во Македонија има фанови од сите генерации, кои ќе имаат можност да го слушнат во живо, на концерт кој ќе се одржи на 26 ноември во Арена „Борис Трајковски“.
– Секогаш бев тука, 40 години сум присутен, моите песни се пеат, знам добро каква е ситуацијата во Македонија со македонската публика. Често сретнувам луѓе ширум светот кои се Македонци и така знам се – рече Бешлиќ во интервју за Бекстејџ.
Тој говореше за своите хитови, но и за новата музика која нему не му се допаѓа и смета дека звучи „евтино“.
– Тоа мене не ми се допаѓа, не ми се допаѓа правецот, премногу е за мене, тоа е евтино. Не е скапо, не знам. Јас сакам нешто што е добро, а квалитетно, тоа сè не е народна музика, се знае што е народна музика. Тоа мора да остане така, а не да биде некој експеримент што нема врска со тоа – рече пејачот.
За македонската публика има една порака пред концертот:
– Да бидеме здрави и живи, има помалку од eden месец до концертот, се надевам дека ќе биде се добро и јас посакував, дојдов порано да се дружиме. Не се имаме видено одамна. Да ги освежиме сеќавањата. Ги поздравувам сите, ги поканувам на концертот и се гледаме – додаде Бешлиќ.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение: