More

    Халанд го откри својот омилен гол оваа сезона

    spot_img

    Ерлинг Халанд го избра својот омилен гол во оваа сезона во Премиер лигата. Напаѓачот на Манчестер Сити 36 пати ја погоди мрежата и стана најдобриот стрелец во историјата на највисокото ниво на англискиот фудбал.

    Омилен гол му се ножичките од 68. минута од натпреварот против Саутемптон. Го исклучи центаршутот на Џек Грилиш и одлично се снајде за водство од 3:0. Сити го доби тој натпревар со 4:1.

    „Ножичките против Саутемптон беа нешто посебно, нели?“, изјави Халанд, кој во првата сезона во Сити досега постигна 52 гола во сите натпреварувања.

    Тимот на Пеп Гвардиола е блиску до освојување на тројната круна. Веќе ја освоија титулата англиски шампион, ќе играат против Јунајтед за ФА Купот, а против Интер во финалето на Лигата на шампионите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img