Хакерската група „Анонимуси” објави дека „протекле десетици доверливи документи од Владата на Србија”.
Во својата објава на Твитер напишаа: „Сѐ уште не завршивме со тебе, марионето на господинот Путин!”
Објавија и линк со доверливи документи од Владата на Србија.
Хакерската група „Анонимуси” пред почетокот на јануари извршила серија напади на веб-страниците на државните институции под заедничкиот хаштаг „опсербија” – операција Србија, тврдат членовите на оваа неформална група на Твитер.
На неколку различни профили на Твитер, кои го носат името Анонимус, имаше соопштенија за хакирање на веб-страниците на Војската на Србија, НБС, потоа веб-страницата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и веб-страницата на Министерството за надворешни работи и БИА.