More

    Хајди Клум топлес му ја честиташе годишнината од бракот на сопругот

    spot_img

    Германскиот топ-модел Хајди Клум објави видео на својот Инстаграм за да му ја честита годишнината од бракот на својот сопруг Том Каулиц.

    На објавата се гледа како Хајди лежи врз сопругот, го носи само долниот дел од костимот за капење, а со рацете ги покрива голите гради. Во еден момент ѝ ѕирна брадавицата, но тоа не ѝ пречело.

    – Ја славиме нашата љубов денеска и секој ден – вели 51-годишната Хајди на објавеното видео.

    Сопружниците потоа објавија заеднички фотографии.

    „Не можев да најдам подобар. Те сакам Том”, напишала Хајди која и на фотографиите позирала топлес, но се сокрила зад Каулиц.

    Тие неодамна беа на одмор во Венеција каде беа снимени додека се возат во гондола. Таму ги следеа папараците. Така го снимиле моментот кога манекенката и нејзиниот сопруг се движеле кон гондолата, а Том ја држел Хајди за задникот.

    За потсетување, таа неодамна гостуваше во интернет ток-шоуто „Хот уанс”, познато по тоа што ѕвездите јадат зачинети пилешки крилца за време на интервјуата, а во еден момент Хајди го соблекла градникот. Додека одговарала на прашања за својот живот, манекенката јадела лути крилца и пиела млеко од стаклено шише за да го затапи лутиот вкус, а ситуацијата ескалирала кога кај водителот Шон Еванс признала дека „почнала да се вжештува”. Клум потоа без двоумење ја соблекла тексас кошулата и го продолжила интервјуто облечена во црвен градник.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img