More

    Хаг пресече, но не побара од Израел итно да прекине со огнот

    spot_img

    Меѓународниот суд на правдата во Хаг гласаше со 15 гласа „за“ и два „против“ за наредбата дека Израел мора да ги преземе сите мерки во негова моќ за да спречи што било во врска со геноцидот во Газа, наведе судијката Џоан Донахју во денешеното изрекување на пресудата во предметот против Израел, известува Би-Би-Си.

    – Израел мора да преземе мерки во рамките на неговата моќ за да го спречи и казни директното и јавно поттикнување на геноцид во однос на членовите на палестинската група – вели таа.

    Судот не се согласи со барањето на Јужна Африка за итен прекин на огнот во Газа – нешто што ќе ги разочара и Јужноафриканците и Палестинците. Ова не е конечната одлука на судот за геноцид – тоа веројатно ќе потрае неколку години, пишува Пол Адамс, дипломатски извор за Би-Би-Си.

    Споед судијката одлуката на судот не ја прејудицира подоцнежната одлука за геноцид. Таа спомена шест обврски за Израел кои се итни, а кои произлегуваат од пресудата и кои не се идентични со барањата на Јужна Африка.

    Тоа се:

    1. Израел мора да ги преземе сите мерки за да спречи какви било акти кои би можеле да се сметаат за геноцидни – убивање членови на група, предизвикување телесни повреди, нанесување услови дизајнирани да доведат до уништување на група, спречување раѓања.

    2. Израел мора да се погрижи неговата војска да не врши никакви геноцидни акти.

    3. Израел мора да спречи и казни какви било јавни коментари кои би можеле да се сметаат за поттикнување на геноцид во Газа.

    4. Израел мора да преземе мерки за да обезбеди хуманитарен пристап.

    5. Израел мора да спречи какво било уништување на докази кои би можеле да се користат во случај на геноцид.

    6. Израел мора да поднесе извештај до судот во рок од еден месец од издавањето на оваа наредба.

    Исто така, со 16 гласа „за“ и еден „за“, судот вели дека Израел мора да преземе „итни и ефективни“ мерки за да обезбеди обезбедување на итно потребна хуманитарна помош и основни услуги.

    Судијката Донахју констатираше дека судот е загрижен за судбината на заложниците кои останаа во Газа. Исто така, таа нагласи дека „сите страни во конфликтот во Појасот Газа“ се обврзани со хуманитарното право.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img