More

    Гвинет Палтроу ги спореди поранешните партнери

    spot_img

    Актерката Гвинет Палтроу ги спореди своите двајца поранешни момчиња, холивудските актери Бред Пит и Бен Афлек, во текот на појавувањето во подкастот на Алекс Купер.

    Палтроу откри дека Афлек ѝ бил „технички“ подобар во кревет, но додала дека Пит го надминал како подобар актер.

    На прашањето кој е подобар во кревет, актерката рече: „Тоа е навистина тешко прашање, Бред беше љубовта на мојот живот во тоа време. Бен беше технички одличен. Двајцата беа добри бакнувачи“. Изјавила таа и додала кој од двајцата е подобар актер.

    „И двајцата се многу талентирани. Бен е одличен писател и режисер, но ако треба да изберам, веројатно би го избрала Бред поради сите различни улоги што ги играл“, признала таа, додавајќи дека Пит имал подобар стил и бил повеќе романтичен. За Афлек изјавила дека тој повеќе ја засмевал и дека почесто се расправала со него.

    Да потсетиме, Гвинет Палтроу беше во врска со Бред Пит од 1994 година. Тие беа и свршени, но свршувачката ја раскинаа во 1997 година бидејќи мислеше дека е премлада за брак со оглед на тоа дека тогаш имала 24 години. Таа беше и во тригодишна врска со Бен Афлек.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img