Гвардиола го нарече негов наследник, а сега го посакува и Баерн

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Баерн ги разгледува опциите за наследник на Томас Тухел.

Голема желба на Баварците е Чаби Алонсо, но Баерн не е единствениот кој сака да го доведе, туку има резервна опција. Инсајдерот на Билд и Скај, Флоријан Плетенберг наведува дека тоа е тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби (44). Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл веќе разговарал со Де Зерби.

Италијанецот во својата тренерска кариера ги тренираше Дарфо Боарио, Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло и Шахтјор, а интересно е што Пеп Гвардиола по еден натпревар минатата сезона го нарече негов наследник.

Откако Сити и Брајтон одиграа 1:1 во 32. коло од англискиот шампионат, Гвардиола кимна со главата во насока на Де Зерби во тунелот и рече: „Тој ќе биде следниот тренер на Манчестер Сити“.

Останува да видиме дали Италија ќе тргне по патот на Манчестер или Минхен…

Share This Article