More

    Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на активностите на кинеската компанија Тик Ток во државата

    spot_img

    Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на активностите на кинеската компанија Тик Ток во државата.

    Со тоа, Монтана официјално стана првата американска држава што ја забрани популарната платформа за споделување кратки видеа. Монтана воведува законска забрана на Гугл и Епл да ја нудат апликацијата Тик Ток во државата. Рестриктивната мерка стапува во сила од 1 јануари следната година.

    – Го забранив Тик Ток за да ги заштитам личните податоци на жителите на Монтана од Кинеската комунистичка партија – рече гувернерот Џанфорте, кој е републиканец.

    Платформата Тик Ток, која има повеќе од 150 милиони корисници во САД, се повеќе е предмет на повици од американски конгресмени и државни претставници да ја забранат мобилната апликација на национално ниво во САД, наведувајќи ја загриженоста од можното влијание на кинеската држава преку социјалната мрежа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img