Гувернерката вели направени се потребните измени на регулативата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас, ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска.

– Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно – рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција заедно со потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи.

Гувернерката посочи дека воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.

– Се што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување – порача Ангеловска–Бежоска.

Share This Article