More

    Гутереш ја изрази својата посветеност за целосна денуклеаризација на Северна Кореја

    spot_img

    Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека ОН се посветени на целосна денуклеаризација на Северна Кореја.

    За време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул, тој рече дека ја потврдува „јасната посветеност на ОН за целосна, проверлива и неповратна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и Северна Кореја“.

    „Главната цел е да се создаде мир, безбедност и стабилност во целиот регион“, рече Гутереш, пофалувајќи го учеството на Јужна Кореја во меѓународните мировни мисии и нејзините напори во борбата против климатските промени.

    Тој подоцна се сретна со јужнокорејската министерка за надворешни работи Парк Џин, која рече дека меѓународната заедница предводена од ОН треба да испрати силна и обединета порака до Северна Кореја дека нејзините нуклеарни амбиции нема да бидат толерирани. Парк побара од ОН помош за изнаоѓање ефикасно решение за проблемот со нуклеарното оружје на Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

    Северна Кореја изврши повеќе од 30 пробни лансирања на балистички ракети оваа година, а првата интерконтинентална балистичка ракета ја лансираше во 2017 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img