На меѓународниот аеродром во Сараево денеска беа откажани бројни летови поради густата магла. Откажани се летовите од Џеда, Дубаи, Франкфурт, Истанбул, Загреб, Скопје и Виена, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Сараево, пренесува Срна.
Сараево вчера и денеска е на самиот врв на најзагадени градови во светот, а поради опасноста по здравјето на населението, властите препорачаа да се избегнува престој на отворено.
Исто така, се препорачува да не се отвораат прозорците и да се користат прочистувачи на воздух.