Гугл ќе плати 93 милиони долари казна во Калифорнија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: A logo is pictured at Google's European Engineering Center in Zurich, Switzerland July 19, 2018 REUTERS/Arnd Wiegmann/File Photo/File Photo

Технолошката компанија со седиште во САД Гугл се договори за 93 милиони долари со американската сојузна држава Калифорнија, решавајќи ги наводите дека компанијата користела податоци за локацијата без согласност, прекршувајќи ги законите за заштита на потрошувачите во Калифорнија.

Спогодбата следи по повеќегодишната истрага на Министерството за правда на Калифорнија, кое откри дека технолошкиот гигант ги измамил корисниците со складирање, собирање и користење на нивните податоци за локацијата за рекламирање и профилирање на потрошувачи без согласност, се вели во соопштението на државниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта.

– Нашата истрага откри дека Гугл им кажува на своите корисници една работа – дека повеќе нема да ја следи нивната локација откако ќе ја исклучат, но го прави спротивното и продолжува да ги следи движењата на своите корисници за комерцијална корист. Тоа е неприфатливо и со денешната спогодба го сметаме Гугл за одговорен- рече Бонта во соопштението.

Портпаролот на Гугл не одговори веднаш на барањето за коментар, јави ДПА.

Спогодбата доаѓа откако Гугл минатата година постигна договор со 40 други држави за 391,5 милиони долари поради практиките за следење локација.

Share This Article