More

    Грузискиот премиер до Зеленски: Престани да се мешаш во внатрешните работи на нашата земја

    spot_img

    Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за мешање во политичката ситуација во Грузија, коментирајќи ги минатонеделните протести во Тбилиси.

    Зеленски ги поддржа демонстрациите одржани во Тбилиси како знак на протест против предложениот закон за странски агенти, со кој, според критичарите, грузиската влада најави авторитарни промени, се наведува во извештај на британската агенција Ројтерс.

    – Кога човек чија земја е во војна ги поддржува деструктивните акции на неколку илјади луѓе овде во Грузија, тоа е директен доказ дека оваа личност е вклучена и мотивирана да предизвика промени во Грузија – рече Гарибашвили за Зеленски во интервју за грузиската телевизија ИМЕДИ и истакна дека на секого му посакува мир и што поскоро крај на војната.

    Зеленски им се заблагодари на демонстрантите што вееја украински знамиња и покажаа почит кон Украина, а на Грузијците им посака „успех на демократијата“.

    Минатиот петок грузискиот парламент го отфрли контроверзниот предлог-закон за странски агенти, кој се закануваше да ги оштети напорите на официјален Тбилиси да воспостави поблиски односи со Европа.

    Критичарите предупредија дека предложениот грузиски закон е инспириран од рускиот закон од 2012 година, кој нашироко го користеа властите во Русија за да се справат со политичките неистомисленици, наведува агенцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img