More

    Грузискиот парламент го отфрли законот за „странски агенти“ што ја предизвика кризата

    spot_img

    Грузискиот парламент го отфрли предлог-законот за „странски агенти“, што предизвика сериозна политичка криза.

    Пратениците гласаа против предлогот, бидејќи владејачката партија Грузиски сон ја повлече својата поддршка за нацрт-законот.

    Предлог-законот предизвика тридневни улични протести во Тбилиси од страна на десетици илјади луѓе, според Ројтерс.

    Демонстрантите тврдеа дека владата со овој закон се обидува да ја води Грузија во се поавторитарна насока.

    Полицијата со солзавец, шок бомби и водени топови уапси неколку десетици учесници на протестот.

    Предлог-законот предвидуваше дека невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од буџетот од странство треба да бидат регистрирани во Министерството за правда како странски агенти.

    Противниците на предлогот тврдеа дека тоа потсетува на рускиот закон од 2012 година, кој Кремљ го користеше за да се запре граѓанското општество и независните медиуми.

    Владата соопшти дека новиот закон е неопходен поради транспарентноста на финансирањето на невладините организации.

    Против предлог-законот денеска гласаа 35 пратеници, еден го поддржа, а 112 беа воздржани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img