More

    Грузија доби кочница од ЕУ за членство

    spot_img

    Лидерите на Европската Унија одлучија да ја запрат Грузија на патот кон ЕУ поради новиот закон за невладини организации (НВО) кои добиваат странски средства, објави Би-Би-Си.

    Според законот, независните медиуми и другите граѓански организации мора да се регистрираат како „странски агенти“ и да доставуваат податоци до државата доколку добиваат повеќе од 20% од финансирањето од странство.

    „Законот за невладини организации претставува назадување во однос на условите поставени за членство на Грузија во блокот“, соопшти лидерот на ЕУ.

    Во соопштението се повикуваат грузиските власти да ги поништат „тековните дејствија кои го загрозуваат патот на Грузија кон ЕУ, де факто доведувајќи го пристапниот процес до застој“.

    Грузија е официјален кандидат за членство во ЕУ од декември 2023 година.

    Масовните протести во Грузија и интервенцијата на ЕУ и Соединетите Американски Држави, кои се противат на законот, не ја поколебаа владата. Противниците веруваат дека законот, кој стапи на сила на почетокот на јуни, ќе служи за замолчување на организациите кои ја критикуваат владата на начин сличен на рускиот.

    Владејачката партија Грузиски сон го оправда законот со зголемување на транспарентноста и зајакнување на суверенитетот на Грузија.

    ЕУ досега разговараше за низа одговори на случувањата во Грузија, вклучително и замрзнување состаноци на високо ниво и насочување на финансирањето на ЕУ директно на невладините организации во земјата.

    Исто така, имаше загриженост за поддршката на грузиската јавност која останува цврсто проевропска.

    – Главниот фокус е да се испрати силна порака до грузиската влада и да се поддржи грузискиот народ – изјави дипломат на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img