Групата Вагнер регрутира војници преку Порнхаб

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Image: 729471641, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Nikolay Vinokurov / Alamy / Alamy / Profimedia

Порнхаб ги отстрани рекламите од групата Вагнер, која ги објави на страницата со цел да регрутира војници за војната во Украина.Портпаролот на Pornhub потврди за Newsweek дека рекламите се отстранети и дека страницата не дозволува никакви политички реклами.

На почетокот на оваа недела се појавија извештаи дека на Pornhub, најголемата светска порно веб-страница се појавиле реклами, во кои се бара од луѓето да се приклучат на групата Вагнер. Како што објави The Moscow Times, рекламите покажаа жена како лиже лижавче додека се слуша глас кој се фали дека има ингеренции од групата Вагнер.

„Регрутираме борци од сите региони на Русија“, се вели во огласот, а на крајот бил прикажан телефонски број каде што може да се контактира.

Russia Today објави дека рекламата ги поканува гледачите да се приклучат на „најкул приватна армија во светот“.

Основачот на групацијата Вагнер, Јевгениј Пригожин, потврди дека огласот е автентична. „Рекламирањето на PMC Wagner на порнографски сајтови е многу добра идеја на нашата маркетинг група“, објави тој преку неговата прес-служба.

Share This Article