Видео кое кружи на социјалните мрежи наводно покажува како украински војници во Бахмут креваат во воздух група од седум руски војници кои шетаат во ровот со наведувана противтенковска ракета, пишува „Newsweek“.
Видеото беше објавено на Телеграм во вторникот од украинската политичка партија Трета сила.
– Третата сила продолжува во Бахмут да ги фаќа платениците на Вагнер. Благодарение на храбрата пешадија која го држи Бахмут, можеме да ги најдеме и уништиме руските војници. Ловот продолжува – напишаа тие покрај видеото.
Нема независна потврда дека овој настан се случил како што се наведува во објавата, ниту дека се работи за припадници на руската паравоена единица Вагнер. Не е позната судбината на војниците кои биле погодени од ракетата, но може да се претпостави дека во овој случај најверојатно имало мртви и тешко ранети.
Гореспоменатото видео се појави на социјалните мрежи откако украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во вторникот направи ненадејна посета на Бахмут, град каде што украинските и руските сили жестоко се борат.