Првиот вицепремиер Артан Груби, на средбата со жителите на Чаир, истакна дека на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му поднел оставка од првиот ден откако е назначен за вицепремиер.
– Дури и јас и Бујар, ако Али Ахмети ни каже да одиме во дома од денеска, нема никаков проблем. Од првиот ден кога станав функционер му ја испратив оставката, неговиот збор е последниот збор за мене – им порача Груби на жителите на Чаир, објави Тетовасот.
Според Груби, Али Ахмети дал сѐ од себе за Чаир и за Албанците од Скопје.
– Ахмети даде сѐ од себе за Чаир и сиот свој политички капитал го даде на Чаир, можеше да го испрати „Скендербег“ во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ да го однесе во Кичево, а плоштадот да го направи некаде во Гостивар, каде што ќе беше многу полесно, но неговата политика беше да ги овласти Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје, а тоа ви пречи – рече меѓу другото Груби.