More

    Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами

    spot_img

    Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, повикувајќи ги сите да се придружат на, како што рече, прогресивното мнозинство „на патот за Европска алијанса”.

    –  Дојдете сите заедно. Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, политички партии, граѓанското општество, медиуми, креатори на јавното мислење, академскиот свет и сите граѓани. Дојдете на првата линија на европско-македонскиот фронт – повика Груби, во своето воведното обраќање на денешната конференција „Година на нови можности” во организација на Владата.

    Според Груби, иако имало обиди земјата да се втурне во непредвидливост и ваквите закани сѐ уште не престануваат, тоа не ги обесхрабрува, за како што вели да го реализираат тоа што го ветиле на граѓаните – еднаквост, развој, интеграција, мир, безбедност и стабилност.

    –  Во јуни минатата година конечно ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. И после, ова сонцето повторно изгреа, а ние зборуваме на истите јазици, што ги зборуваме, и пишуваме и чувствуваме како што сме, без да дозволиме никакво наметнување, но сега како земја која што преговара со ЕУ. Политиката на нашата Влада е храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионална и евро-американско партнерство – порача Груби.

    Тие што се преставуваат како квази патриоти, според Груби, сакаат само власт и да ја држат земјата изолирани од западниот свет,  измислувајќи непостоечки страв за да ги исплашат граѓаните.

    – Со овие политики на страв изгубивме десет години од нашите животи. Денес, тие што инсталираат непознати стравови, им велат на меѓународните претставници дека ќе го променат уставот откако ќе ја добијат власта и дека ги имаат методите, но им треба власта и би било добро да се знае ова и од нивните членови на партијата. Ним им е до власт, а не за патриотизам – изјави Груби.

    Во време кога целиот регион се користи како полигон за влијанија, ние, посочи Груби, како прогресивно мнозинство ги предизвикуваме сите на патот за Европска алијанса.

    –  Ова е единствениот пат за проекти, како што се автопатите, железници, депонии, болници, училишта, градинки, за подобар животен стандард, за владеење на правото, борба против корупцијата, но и за чистење на нашите општествени редови и јавноста од монтерите на стравот и директните и индиректни пречки на европскиот пат – изјави Груби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img