More

    Грција не и ги дава на Украина тенковите Леопард, Бразил не и дава гранати

    spot_img

    Грција нема да испорача на Украина тенкови Леопард 2 од германско производство, изјави во вторникот грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, тврдејќи дека Атина веќе му дала на Киев значителна воена поддршка, вклучително и оклопни транспортери. Воената помош, но во форма на гранати за тенковите Гепард, ја отфрли и Бразил.

    „Нема да обезбедиме тенкови Леопард 2 од едноставна причина што тие се апсолутно неопходни за нашата одбрана“, изјави грчкиот премиер за јапонскиот весник „Никеи Азија“.

    Тој додаде дека тие секогаш јасно ставале до знаење дека се подготвени да ја поддржат Украина, но не на сметка на нивните одбранбени способности.

    На 25 јануари, Соединетите Држави објавија дека ќе испратат тенкови Абрамс во Украина, додека Германија соопшти дека ќе испорача тенкови Леопард 2 и ќе им дозволи на сојузниците да ги испратат своите оклопни возила од германско производство.

    Бразилскиот претседател Луис Ињасио Лула да Силва го отфрли барањето на Германија за испорака на гранати за противвоздушните тенкови „Гепард“ што ги користи Украина, објавија во вторник локалните медиуми.

    „Бразил е земја на мирот. И затоа Бразил не сака никакво вмешување во оваа војна – ниту индиректно, рече Лула на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Бразилија“, пренесува Билд.

    На Киев итно му е потребна дополнителна муниција за тенковите „Гепард“, а Бразил наводно има до 300.000.

    Претседателот на Бразил повика на брз почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина, наведувајќи дека е неопходно „да се формира група земји што е доволно силна и почитувана за да седне со нив на преговарачка маса“. Лула ги спомена Бразил и Кина како можни посредници во мировните преговори.

    Неговата изјава за мировните преговори е во спротивност со изјавите на германскиот канцелар Шолц, кој во неколку наврати изјави дека мировните преговори би можеле да започнат само кога руските трупи ќе се повлечат од Украина.

    Солц изјави за време на викендот дека сака да продолжи да се обидува да стави крај на војната против Украина преку директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img