More

    ГРЦИЈА ГИ НАМАЛУВА ЦЕНИТЕ ДО 15% Списокот опфаќа 123 производи за широка потрошувачка

    spot_img

    Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од 6 до 15% во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од Атина.

    Од Министерството за развој на Грција ја објавија конкретен список со производи, која според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис е само почеток на иницијативата и постепено ќе бидат вклучени над 600 производи од различни добавувачи.

    Маринакис на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека намалувањето на цените на основните производи за широка потрошувачка е по иницијативата и повикот од министерот за развој Такис Теодорикакос до сите добавувачи на храна и брендирани производи за широка потрошувачка, како и организирана малопродажба.

    – Намалувањата на цените на овие први 120 кодови на производи за широка потрошувачка ќе се движат од 6 до 15%, а синџирите на супермаркети веќе го известија Генералниот секретаријат за трговија за соодветните листи со производи – рече вчера Маринакис.

    „Катимерини“ пишува дека компаниите се обврзале намалувањето на цените да трае најмалку 2 месеца, но генералниот директор на Сојузот на супермаркети Апостолос Петалас за весникот рекол дека процените се дека времетраење сепак ќе биде подолго околу 3 до 4 месеци.

    Годишната инфлација во Грција во септември беше 2,9%, според официјалните податоци од Службата за статистика, додека пак инфлацијата на прехранбените продукти беше 3,2%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img