Сопругот на актерката Бевин Принц, Вилијам Френд (33) почина откако во неделата го удри гром.
Како наведуваат американските медиуми, Вилијам е пронајден мртов во чамец по големото невреме.
Веднаш откако е пронајдено телото пристигнала и итната помош која половина час се обидувала да го реанимира, но безуспешно.
Поранешната актерка, ѕвезда на серијата „One Tree Hill“, сега е фитнес тренер во Рецес, а салата ја отворила со сопругот во 2019 година.
Бевин и Вилијам се венчаа во 2016 година по што се преселиле поблиску до семејствата во Вригшвил Бич.