АД ЕСМ обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, велат од ЕСМ.
„На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол” до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ – ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје“, информира компанијата.
Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси.