More

    Греењето на вашиот автомобил во Германија може да биде скапо

    spot_img

    Германскиот автомобилски клуб ADAC на почетокот на есента ги предупреди возачите за германската регулација на патниот сообраќај, што се однесува на греење во автомобил или камион.

    Германските прописи за патен сообраќај ги поставуваат правилата за сите учесници во сообраќајот. За оние што ќе ги прекршат се пропишани соодветни казни.

    На почетокот на есента германскиот авто-клуб ADAC го привлече вниманието на правилата кои се комбинирани во делот за заштита на животната средина. Едно од правилата налага дека употребата на возила не смее да создава „непотребна бучава и загадување со издувни гасови“, пренесува N1 Загреб. Истовремено, „посебно е забрането непотребното палење на моторот на возилото заради загревање“.

    Така, на паркинзи и на други места, забрането е палење на моторот само за да се користи греењето во автомобилот. Истото важи и ако климата ја користите за слична намена во лето. Ако го направите ова во Германија и ве фатат, ќе треба да платите казна до 80 евра.

    Горенаведената забрана важи и доколку вашето возило е паркирано на приватен паркинг. Тогаш стапува на сила националниот закон за контрола на емисиите, според кој може да добиете и казна од 80 евра во случај на прекршок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img