Земјоделците од северот на Грција денеска целосно ќе го блокираат граничниот премин Ники на грчка страна, што значи дека нема да функционира и граничниот премин Меџитлија од македонска страна.
„Македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција преку Меџитлија сѐ до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила“, потврдија од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.
Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.
Блокадата ќе трае од 11 до 17 часот по македонско време.