More

    Грчкиот премиер најави „златни визи“

    spot_img

    Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави нова програма за „златна виза“ која овозможува долгорочен престој на претприемачите од странство кои инвестираат минимум 250.000 евра во стартапи во Грција, беше објавено за време на отворањето на 88. Меѓународен саем во Солун каде Мицотакис истакна неколку иницијативи за зајакнување на економијата и поддршка на Грците со ниски приходи.

    Меѓу иницијативите се и зголемување на пензиите и на платите на државните службеници, како и намалување на придонесите за социјално осигурување.

    Во врска со намалениот наталитет, Мицотакис вети дека ќе ја зголеми финансиската поддршка за родителите.

    Во однос на станбеното прашање, особено во туристичките области, премиерот најави даночни олеснувања за сопствениците на станови кои издаваат слободни имоти.

    Тој укажа на зголемување на даноците за оние кои се префрлаат од долгорочно на краткорочно изнајмување и воведе ограничувања за нови имоти за краткорочно изнајмување во одредени атински населби, пишува Анадолија..

    Мицотакис, исто така, ги истакна плановите за зголемување на пристанишните такси за бродовите за крстарење во текот на летото, со уште повисоки такси за популарните дестинации како што се Санторини и Миконос. Приходите ќе бидат искористени за подобрување на инфраструктурата во туристичките области.

    Во меѓувреме, синдикатите повикаа на протести во Солун, критикувајќи го начинот на кој владата се справува со зголемените животни трошоци и несоодветните плати.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img