Грчкиот премиер денеска ги посетува погодените населби од пожар во Атина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција започнаа увид и регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина, а грчкиот премиер денеска ги посетува погодените населби.

Во текот на вчерашниот ден бил извршен увид на 30 објекти, од кои 11 се опасни за употреба, меѓу кои седум станбени објекти, три деловни простори и еден магацин.

Регистрацијата продолжува и денеска, целта е што побргу да се заврши увидот за веднаш да започне процесот на обесштетување на граѓаните.

Шумскиот пожар избувна во вторникот, во попладневните часови од планината Пендели кој поради силниот ветер, се спушти и брзо се прошири кон населените места, заземајќи големи размери со активни жаришта во повеќе населби, а беше ставен под контрола 22 часа подоцна.

Грчкиот премиер, кој е во посета на погодените населби, изјави дека не е исклучена можноста пожарот да бил подметнат.

Share This Article