Грчкиот европратеник Белери порача дека Албанија мора со дела да покаже дека е за ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанија мора со дела да покаже дека сака да биде дел од Европската Унија, порача грчкиот европратеник Фреди Белери, кој е дел од десетчлената делегацијата на Европскиот парламент за проверка на пристапниот процес на Албанија, што денеска и утре е во Тирана. Тој одби да зборува на албански јазик и даде изјави само на грчки јазик.

– Омразата што господинот Еди Рама ја има кон мене и етничкото грчко малцинство во Химара не исчезнува. За жал, Албанија, земја кандидат за членство во ЕУ, покажува девалвација на европските тела во кои сака да се приклучи, но и девалвација на договорите што ги потпиша за заштита на дипломатските претставништва – изјави Белери, објави Топ чанел.

Тој потсети дека 16 месеци поминал во албанска затворска ќелија без никаков доказ.

– Овие напади не ме плашат. Албанија мора со дела да покаже дека сака да биде во Европа. Тоа не може да се направи доколку не се затворат старите рани во демократијата и владеењето на правото и додека не почне ги почитува правата на грчкото етничко малцинство – вели Белери.

При пристигнувањето во Тирана, денеска, пред зградата на Собранието помала група граѓани протестираа извикувајќи „ти си срам“, „ти си убиец“, а едно лице го гаѓаше со јајца и јогурт.

Нападот врз Белери го осуди грчкото министерство за надворешни работи.

Поради Белери Грција и Албанија ги нарушија односите.

Тој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, доби двегодишна затворска казна за купување гласови, а беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај минатата година.

Иако во притвор, тој беше реизбран за градоначалник на јужното приморско гратче Химара, но не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори.

- Advertisement -
Ad image

Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за европратеник. Седницата за неговата инаугурација беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходна дозвола на затворот.

Share This Article