More

    Грчки брод пукал на турски чамец

    spot_img

    Министерството за надворешни работи на Турција, според грчките медиуми, испратило демарш до Грција поради инцидентот во Егејското море меѓу патролен брод на грчката крајбрежна служба и турски рибарски чамец, кога од грчка страна биле испукани неколку предупредувачки истрели во воздух, јави дописничката на МИА од Атина.

    Според грчката крајбрежна служба истрелите биле на безбедно место, а според турската крајбрежна служба еден од рибарите бил повреден во ногата.

    Грчката крајбрежна служба соопшти дека инцидентот се случил вчера попладне кога турски рибарски чамец рибарел во грчките територијални води, во делот меѓу островите Хиос и Инусес и не одговорил на повиците за повлекување, упатени од екипажот на грчкиот патролен брод.

    Наместо да се повлече, рибарскиот чамец направил „опасни маневри“, се приближил до грчкиот брод, се обидел да го удри и го нападнал со разни предмети, камења и слично.

    „По ова, од патролниот чамец на крајбрежната служба, беа испукани предупредувачки истрели во воздух и на безбедно место, по што турскиот рибарски брод се повлече кон исток“, соопштија од грчката крајбрежна служба.

    Турска страна коментира дека е „неприфатливо пукање во беспомошни рибари и тоа е злосторство против човештвото“.

    Грчките медиуми објавија дека за инцидентот реагирала официјална Анкара со протестна нота до амбасадата на Грција во Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img