More

    Грчката полиција уапси педофил

    spot_img

    Во северна Грција е уапсен маж кај кого биле откриени најмалку 2,5 милиони слики и видеа со детска порнографија, јави дописничката на МИА од Атина.

    Од грчката полиција соопштија дека Секторот за борба со сајбер криминал добил информации преку Европол по операцијата на „Darknet“ спроведена од француските власти на почетокот на минатата година, по што произлегло дека и во Грција има електронски траги на корисник на интернет, кој поседувал и споделувал фајлови со детска порнографија, преку различни веб страници.

    Полицијата направила претрес во домот и пронашла и одзела четири хард дискови со вкупен капацитет од 15 терабајти.

    -Од истрагата на лице место на горенаведените дискови, полицијата откри дека содржат најмалку 2,5 милиони слики и видеа со содржина на детска порнографија, со големина од околу 3,5 терабајти, – соопштија од грчката полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img