More

    Грчката полиција уапси две лица за учество во убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба

    spot_img

    Грчката полиција вчера уапси две лица за учество во убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина.

    Според грчката полиција станува збор за двајца Грци на возраст од 40 и 48 години, кои се во роднинска врска, а едниот од нив се товари и за друго убиство извршено во декември 2021 година.

    Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду на прес-конференција објасни дека од полициската истрага произлегло дека сторителот на убиството на Карајваз, заедно со уште едно лице, за да побегнат користеле мотор, како и комбе, кое всушност припаѓа на компанија во која одговорен бил еден од уапсените.

    Дополнително, полицијата открила дека моторот и комбето биле регистрирани претходниот ден на иста релација, во исто време и на истата локација со убиството.

    – Од предистражниот процес, кој се фокусираше на дополнителна проверка на податоците и испрашување на лица, произлезе учеството на 40-годишниот и 48-годишниот во извршувањето на убиството – соопшти портпаролката на грчката полиција.
    На 9 април 2021 година, кусо пред 15 часот, по завршувањето на емисијата во која беше соработник Карајваз, непознати лица со мотор го пресретнале и го застрелале пред неговиот дом во јужниот дел на Атина.

    Карајваз беше познат и искусен новинар, кој долги години следеше црна хроника и покриваше теми поврзани со полицијата, криминалот, грчката мафија, за истите теми имаше информативен портал, а паралелно работеше во претпладневна информативна емисија на телевизијата „Стар“.

    Две години по настанот, не се откриени ниту сторителите, ниту евентуалните нарачатели на убиството, ниту пак причините.

    Од Здружението на новинари, преку соопштение, велат дека не постои било каков напредок во расветлувањето на убиството „што е императив, не само во однос на кривичниот дел од случајот, туку и за да се врати чувството на сигурност кај грчките новинари и грчкото општество“.

    Меѓународните организации на новинари, како и Меѓународната федерација и Европската федерација, продолжуваат да упатуваат прашања за текот на случајот, кој се појавува во сите извештаи за слободата на медиумите и владеењето на правото во Грција, како показател за закана за безбедноста на новинарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img