More

    Грчка здравствена компанија ги изненади своите вработени

    spot_img

    Грчка компанија на своите вработени им понуди бесплатно замрзнување јајце-клетки како подарок за Божик, по примерот на светските компании како Епл, Гугл и Фејсбук, кои веќе ја усвоија оваа практика, пренесува АНА-МПА.

    Грчката приватна здравствена компанија Генесис која има клиники во Атина, Тесалија и Крит, го избра овој подарок како симболичен гест за да даде пример за другите компании и да започне кампања за подигнување на свеста за прашањето на неплодност кај паровите, наведува агенцијата.

    Одборот на директори на Генесис ја одобри можноста сите работници во клиниката да можат да ги замрзнуваат јајца-клетките бесплатно, „дозволувајќи им да го одложат раѓањето на дете додека не се чувствуваат подготвени или додека животните околности не дозволат, се разбира во разумен временски период. “.

    Неплодноста е чест проблем кој го погодува речиси секој шести пар, забележува АНА-МПА. Исклучувајќи ги патологиите кои ги засегаат двата пола, научните докази покажуваат дека репродуктивниот потенцијал на жените, во споредба со оној на мажите, во поголема мера и во порана фаза е под влијание од фактори поврзани со физиолошкиот развој, како што е возраста.

    Плодноста е висока кај жените помлади од 30 години и значително се намалува по 35-тата година.

    – Ова е иницијатива која многу ми се допаѓа како министер за труд. Тоа е убав подарок за вработените жени – рече министерот за развој и инвестиции, Адонис Георгиадис.

    Тој присуствуваше на настанот посветен на Божикната иницијатива и посочи дека Грција е „пионер во областа на вештачкото оплодување“.

    – Од времето кога работев во Министерството за здравство, ја имав таа среќа добро да разберам колку Грција е пионер во областа на вештачкото оплодување. Во време на ваков сериозен демографски проблем, оваа медицинска процедура е исто така национална потреба – рече Георгијадис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img