More

    Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, блокирана по нападот на Хамас врз Израел

    spot_img

    Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, блокирана по нападот на Хамас врз Израел, објавија странските агенции.

    Камиони со хуманитарна помош кои со денови чекаа на египетскиот премин кон Газа почнаа денеска да влегуваат на таа територија, на 15-тиот ден од војната меѓу Израел и палестинската управа Хамас, која е на власт таму

    Хамас вели дека помошта вклучува „лекови, медицински материјали и ограничено количество храна (конзервирана храна).

    Според палестинското исламско движење, конвојот се состоел од 20 камиони.

    Претходно, американската амбасада во Израел соопшти дека граничниот премин Рафа ќе биде отворен за странци кои сакаат да го напуштат Појасот Газа.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа и рече дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“.

    „Го поздравувам отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа за хуманитарна помош. Ова е важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе. Им благодарам на сите што го овозможија тоа“, напиша Фон дер Лајен на платформата Икс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img