Како пред војна. Рафтовите во помалите продавници се празнат од брашно, зејтин конзерви. Граѓаните ги фати паника поради војната во Украина или очекуваат цените драстично да скокнат од 1 март поради нивното одмрзнување.
На социјалните мрежи осамнаа постови со празни рафтови од неколку марктеи во Ѓорче Петров, а коментарите се дека најмногу се купува брашно, зејтин, ориз, грав, замрзната и конзервирана храна, средства за хигиена.
Еден од нашите сограѓани кој ги споделил овие фотографии, на шега напишал дека го гранатираат Киев, а не Скопје.