More

    Граѓаните кои сакаат да аплицираат за ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди можат да го направат тоа до 16.30 часот кога се  затвора јавниот оглас

    spot_img

    Граѓаните кои сакаат да аплицираат за ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди можат да го направат тоа до 16.30 часот кога се  затвора јавниот оглас, информира Министерството за економија.

    Како што е соопштено јавниот оглас се затвора предвреме бидејќи до Министерството се пристигнати голем број апликации.

    „Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори  Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година“, се наведува во соопштението.

    Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година.

    Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.

    Министерството информира дека само за 4 дена од објавувањето на огласот на 1 февруари, пристигнале повеќе од  9.000 апликации со што е надмината проценетата бројка од повеќе од  78.000 домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства.

    За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари.

    Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

    Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени  се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици.

    Согласно Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со 2 члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со 3 члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со 4 члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со 5 члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

    Министерството доделуваше ваучери од 25.0000 денари за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра).

    Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќинствата во останатата територија на државата, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img