More

    Граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за електрична енергија

    spot_img

    Властите потфрлија во еден од клучните економски принципи на пазарната економија, особено во земја која цели кон членство во Европската Унија, а тоа е обезбедување конкурентност, пишува А1он.

    Во магла, далеку од очите на јавноста, се спроведе изборот на универзален снабдувач за електрична енергија. Од Владата соопштија дека на последната седница била избрана најповолна понуда и како што додаваат, во „соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија“. Сепак, деталите за тоа зошто останатите 2 компании кои доставија понуди на повикот од декември не биле вклучени во трката, се држат во тајност.

    Неофицијално, силен политички притисок стои зад елиминацијата на конкурентите пријавени на огласот, па од тие причини надлежната комисија препорачала само една компанија да продолжи понатаму, наведува во тектот поратлот.

    Најголема конкуренција на ЕВН Хоум претставуваше ЕДС, зад која стои државната грчка компанија ППЦ. Поради доброто салдо на грчката компанија, се очекувало ЕДС на негативното наддавање да понуди далеку пониска маржа од ЕВН. Според неофицијални извори, воопшто не постоеле основани правни околности со кои може да се оправда исклучувањето од учество на јавната аукција на компанија зад која стои капиталот и корпоративниот имиџ на државната грчка компанија ППС.

    Во текстот се наведува и дека доколку овие информации се потврдат, единствено може да се заклучи дека со ваков пристап надлежните државни институции покажаа сериозно отсуство на волја за обезбедување конкурентност во постапката за избор на универзален снабдувач со струја за домаќинствата. Тоа е впрочем и еден од фундаменталните економски критериуми за дефинирање на квалитет на услугите и најповолна цена за потрошувачите. Начинот и постапката со која повторно се избра истиот универзален снабдувач отвора сериозни сомнежи дека станува збор за политичка одлука, а Владата фаворизира посакуван партнер.

    Ваквата владина одлука единствено ќе се одрази на грбот на потрошувачите. Досега ЕВН Хоум ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Неофицијално, за наредните пет години оваа профитна маржа е намалена и ќе изнесува 9,9%, а од друга страна, конкурентите што се пријавиле на огласот биле подготвени да понудат двојно помала маржа, пишува А1он.

    Разликата би се броела во милиони евра, кои ќе можеа да се искористат за изградба на патишта, градинки, училишта или да се финансира изградбата на нов Клинички центар. Според грубите пресметки на експертите, поради недостигот на вистинска конкуренција во натпреварот за универзалниот снабдувач граѓаните во наредниот период ќе плаќаат стотици милиони евра повеќе за сметки за струја, велат експертите.

    За експертите, сета оваа мистерија околу изборот на универзален снабдувач отвора сериозни дилеми за регуларноста на постапката. Потсетуваат дека пред пет години јавноста имаше речиси комплетен увид во текот на целата постапката. Изборот во 2019 година беше направен според т.н. „отворена процедура“ кој овозможува висока ниво на транспарентност и фер конкуренција согласно Законот за јавни набавки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img