Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата Народниот правобранител во Тетово

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

„Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање“, се наведува во соопштението.

Share This Article