More

    Спречен е шверц на черепи на дивокози и волци

    spot_img

    Српските цариници на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија шверц на 9 черепи и 6 кожи на заштитени видови дивокоза и волк, јави дописникот на МИА од Белград.

    Во соопштението на Царината на Р. Србија се наведува дека сето тоа било пронајдено во празен камион со странски регистрации на влезот во Србија.

    Пронајдени се пакувања со девет животински черепи, од кои седум со рогови оддивокоза и два од волци.

    Откриени се и шест сурови кожи, од кои четири се на дивокоза, а две на волци.

    Канцеларијата за спроведување на конвенцијата „CITES“ на Министерството за заштита на животната средина на Србија потврди дека се работи за животни кои се на списокот на видови заштитени со таа конвенција.

    За прекуграничен сообраќај на диви загрозени и заштитени видови, како и нивните деривати – кожа, крзно, рогови, канџи и други трофеи и сувенири, покрај вообичаената документација, потребна е и посебна CITES дозвола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img