More

    Граѓаните и утрово пријавуваат штети од синоќешното невреме

    spot_img

    Невреме со пороен дожд, ветер што синоќа ги зафати Тетово, Скопје и Куманово зад себе остави поплавени куќи, подруми, оштетени возила, паднати дрвја и олуци, како и паднати бандери и столбови.

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на ноќта и утрово се добиени повици од трите градови за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично. Сите информации беа соодветно селектирани и трансферирани до надлежните во локалните самоуправи и до надлежни служби и институции.

    Од кризниот штаб на Општина Тетово добиени се податоци за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и каде што имало едно заглавено возило, имало запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица. а голема количина на вода има навлезено во приватни куќи во дворови и подруми.

    По скопското невреме има пријави за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и дуги проблеми со електрични и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија,оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради и за оштетени патнички моторни возила.

    Од невремето што ја зафати територијата на Општина Куманово со обилни врнежи од дожд на 112 во ЦУК пристигнаа голем број на пријави за паднати дрва и поплавени улици во повеќе населби, а и за поплавени површини, дворови, подрумски простории и приземни објекти и куќи.

    До граѓаните се препорачува на внимателност пред и за време на најавените локални метеоролошки нестабилности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img