More

    Граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа македонското знаме, рече Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

    – Не успеа планот на СДСМ и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите. СДСМ и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност. Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДСМ почнаа да ставаат македонски знамиња на своите Фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава. И СДСМ и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле. Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот. Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови. Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДСМ и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум. Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДСМ – рече Петрушевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img