More

    Граѓани се јавувале на 112 и на 192 за да пријават напад од вонземјани и духови

    spot_img

    Не е лесно да си оператор во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Уште потешко е да си оператор во полициска станица или во кол-центарот на МВР.

    Вработените во кол-центрите на „112“ и на „192“ секојдневно примаат голем број повици преку кои граѓаните бараат помош, без разлика дали станува збор за сообраќајка, пожар, грабеж, животозагрозувачка состојба.

    Операторите од овие линии за Плусинфо откриваат некои интересни повици кои кон нив ги упатуваат граѓаните, а не се поврзани со тоа за што се наменети.

    Од кол-центарот на Министерството за внатрешни работи ни откриваат дека кај нив пристигнал повик во кој загрижен граѓанин го запрашал вработениот каква терапија да прима затоа што матичниот лекар му ја погрешил дијагнозата, па поради тоа има болки во главата и телото.

    „Ало дали е тоа полиција? Имав лоши соништа со духови кои ме напаѓаат, па поради тоа не можам спокојно да спијам, ве молам дојдете да ги приведете и да ги санкционирате“, велат вработените во „192“ кои овој повик го добиле доцна во текот на ноќта.

    Оттаму ни велат дека кај нив исто така пристигнал повик од граѓанин кој сакал да пријави дека на полноќ се симнувале летечки чинии со вонземјани кои биле закана за луѓето, по што луѓето завршувале во психијатриска болница.

    Пред речиси една година почна со работа универзалниот број „112“ кој е под „капата“ на Центарот за управување со кризи, кој е задолжен да им земе податоци на граѓаните и веднаш да ги извести Службата за итна медицинска помош, полицијата и Противпожарната бригада.

    Сепак, сѐ уште дел од граѓаните сметаат дека токму овој број ќе го реши нивниот проблем, без разлика дали станува збор за пукната цевка за парно, доколку немаат сигнал од кабелскиот оператор,

    Сета среќа што операторите се љубезни, па и на таквите случаи се обидуваат да им помогнат, така што ќе им дадат број или ќе им укажат каде да се јават.

    Од „112“ ни велат дека како и во останатите центри за јавување и кај нив има т.н. хронични јавувачи, кои повеќе пати за исти проблеми остваруваат повици, но како што велат, секој повик е уникатен, без разлика од природата на јавување.

    – Примивме повик од една госпоѓа која од нас бараше да ѝ обезбедиме инјекција за евтаназија, бидејќи едноставно ѝ бил смачен живот и побарала да ја поврземе со Итната медицинска помош. Ние стапивме во контакт и го објаснивме случајот, а стануваше збор за повик од друг град, но вработените таму ни кажаа дека знаат за кого станува збор и дека тие ќе се обидат да ја смират госпоѓата и да ја одвратат од намерата – ни раскажаа операторите од „112“.

    Често кај нив се граѓани кои едноставно сакале да си направат муабет, бидејќи се чувствуваат осамени и потребно им било со некого да поразговараат.

    – Уште од почетокот на нашата работа имавме „клиент“ кој се имаше јавено 4.000 пати, а според контролата на квалитет и на повиците, човекот се јавуваше на секоја минута ипол, а целта на неговиот повик беше да си направи муабет со некој од операторите. Има и такви кои се јавуваат еднаш во денот или еднаш неделно, ќе ги ислушаме, бидејќи претпоставуваме дека се лица со психички растројство, ќе им се заблагодариме и ќе ја прекинеме врската – велат од кол-центарот на ЦУК.

    Оттаму велат дека често примаат повици кога некој ќе снема струја, кабелска телевизија, вода или слично, но и тие граѓани не се одбиваат туку се насочуваат каде што е потребно да се јават.

    – Добар ден, сакам да пријавам дека немам кабелска телевизија, а сега ми почнува турската серија, ве молам дојдете да ми ја поправите – на што вработените одговараат дека тие не се надлежни за тоа и ги упатуваат да погледнат на нивната сметка, каде што ќе го најдат бројот од кабелскиот оператор и каде што можат да го пријават проблемот.

    Повозрасни граѓани се јавувале и прашувале колку е часот, на што операторите им посочувале да погледнат во телевизорот, бидејќи на утринските програми има точно време, па така им помагале на граѓаните.

    Оттаму додаваат дека имаат многу непродуктивни повици, а како еден таков ни го посочија кога им се јавил некој господин кој издавал стан под кирија, па кога си заминале кираџиите му оставиле кутија со долна облека, па од вработените побарал интервенција истата да биде отстранета од неговиот стан.

    – Имавме повик од една госпоѓа која сакаше да пријави заглавена мачка во нејзиниот автомобил при што и посочивме дека ќе се јавивме во Противпожарна и до здружението за заштита на животните „Анима мунди“ за да го решиме нејзиниот проблем – ни објаснува операторот, на што жената што ги повикала му одговорила:

    – Леле колку сте љубезен, вашиот глас е многу убав, но покрај мачката, мјаука и „мојата мачка“.

    Од „112“ велат дека граѓанин пријавил оти кај железниот мост во Сарај е откачен струен кабел и поради сериозноста некој да биде повреден, од кол-центарот стапиле во контакт со ЕВН и за многу кратко време била извршена санација.

    Според податоците кои ги водат во „112“ во просек преку ден имаат околу 1.000 повици, додека навечер имаат од 300 до 400, но додаваат дека за време на Светското првенство во Катар, додека траел некој натпревар, повици речиси и да немалo.

    фото: ЦУК/Фејсбук

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img