More

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ТУРСКАТА ОПШТИНА УЧХИСАР ОД КАПАДОКИЈА

    spot_img

    Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Осман Суслу, градоначалник на општина Учхисар, која е сместена во областа Кападокија во Република Турција.

    На средбата се разговараше за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Учхисар во повеќе општествени сфери пред се во делот на туризмот, културата и образованието. Во фокус на средбата беше и темата за збратимување на двете општини.

    Учхисар е општина во историскиот и туристички регион Кападокија, кој припаѓа на провинцијата Невшехир и административниот регион Централна Анадолија во Турција. Ова е еден од најтипичните градови во Кападокија кој поседува уникатни културни и природни знаменитости кои го привлекуваат вниманието на туристите од целиот свет. Најпрепознатлива туристичка атракција е замокот „Учхисар“ кој е сместен во карпа, на 1300 метри надморска височина и нуди неповторлив пејзаж на целата област.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img