More

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ ПРОТОКОЛАРНА СРЕДБА СО ТУРСКИОТ АМБАСАДОР ФАТИХ УЛУСОЈ

    spot_img

    Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

    На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата.Градоначалникот Пецаков го информираше турскиот амбасадор Улусој дека од година во година се зголемува бројот на турски туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина.

    Во фокус на средбата беше и можноста за воведување на сезонска авио линија од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ која би дала значителен придонес во туристичката соработка, подобрување на условите за патување и поврзување на двете пријателски држави.

    Соговорниците разговараа и за можностите за инвестирање во туристичкиот сектор на Охридското крајбрежје како и за условите за странските инвеститори во делот на стопанството. На средбата беше разговарано и за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи Општина Охрид како и за можноста за соработка  во делот на образованието.

    Двајцата соговорници ја потенцираа и важноста на културната размена и можноста за гостување на турски уметници за фестивалот Охридско Лето.

    На средбата во Општина Охрид, амбасадорот Улусој беше придружуван од почесниот конзул на Република Турција (Туркије) во Охрид, Абдураман Бајрактар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img