Вчера во посета на општина Дебрца гостин беше Г дин Пали Колефски,градоначалник на Општина Пустец (Албанија).
Во рамки на средбата е разговарано за актуелната состојба во двете локални самоуправи, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваме како единици на локалната самоуправа.
Притоа, се разменија позитивни искуства во остварувањето на надлежностите, во насока на подобрување на животните услови на своите граѓани.
Посебно разговаравме за можностите и досегашните искуства во искористувањето на средства од програмите за прекугранична соработка Македонија-Албанија.
Изразувајќи благодарност за посетата, Градоначалникот на општина Дебрца ја прифатив поканата за наша посета на општина Пустец и остварување на подлабока соработка на општина Дебрца и општина Пустец,рурални македонски општини од двете страни на границата помеѓу Македонија и Албанија.