Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и кое му донесе среќа и бериќет на семејството Абдулови од пехчевското село Црник

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и кое му донесе среќа и бериќет на семејството Абдулови од пехчевското село Црник.3

Среќната мајка Шарбина Абдулова ги прими честитките, а градоначалникот лично ѝ ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.

– Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Китански.

Share This Article